Стоилов: Не се согласувам со Вујовиќ дека одбраната беше добра!

1671

Капитенот Стојанче Стоилов не се согласи со мислењето на тренерот Веселин Вујовиќ дека Вардар играл добро во одбраната во првото полувреме. Според македонскиот репрезентативен пикер, Мартин Томовски во овој дел од играта давал таква слика, која не е реална.

„Честитки до Кил за заслужената победа, особено ако се земе во предвид дека дојдоа без двајца исклучително важни ракометари. Дојдоа до значајни бода, ние за жал не успеавме да стигнеме до позитивен резултат и покрај предноста во првото полувреме.

Не се согласувам со тренерот Вујовиќ дека игравме добра одбрана во првото полувреме, ние се потпиравме на добрите одбрани на Мартин Томовски, кој беше одличен. Силата на Кил е тоа што се познаваат добро, долго време се заедно. Вардар има нов состав, не би сакал тоа да биде изговор. Мора да продолжиме напред и да ја прекинеме оваа серија на порази и да ја вратиме самодовербата“, изјави Стоилов.

ПретходноЉама тргна со победа на СП во Белград!
СледноЛига куп: „Граѓаните“ елиминирани, Ливерпул со неколку дебитанти го победи Престон