Утре од 21 часот се игра дербито на 12.коло во Лига 1. ПСЖ на “Паркот на принцовите“ го дочекува актуелниот шампион, тимот на Лил. Тренерот на “светците“ Маурицио Покетино има големи проблеми со составот, не може да смета на неколкумина клучни играчи и тоа на Хакими, Мбапе, Рамос, Верати…промблематичен е настапот на Лео Меси кој на последниот тренинг работел одвоено од останатите.
Во случај да игра, тогаш Покетино ќе го стави Меси како истурен во нападот, како класичен шпиц…
“Меси тренира многу добро по дербито со Марсеј. Денеска почувстува мала непријатност и затоа тренираше одвоено. Ќе видиме утре дали ќе може да игра. Ако игра тогаш би можел да биде во самиот шпиц. Видете, тој е најдобриот играч во светот и може да игра подеднакво добро на сите позиции во нападот“ изјави денеска стратегот на ПСЖ.