Бразилскиот супер-стар и напаѓач на ПСЖ, пред неколку недели најави дека СП во Катар следната година веројатно ќе му биде последно. Се разбира дека “кариоките“ се вознемирија, па Нејмар не е толку возрасен за да се планира уште отсега пензија во репрезентацијата на Бразил.
Токму затоа деновиве тој мораше да дообјаснува дека не кажал така.
“Јас кажав едно, а луѓето ме разбраа погрешно. Реков дека ќе играм на Мундијалот како да ќе ми биде последен, а не дека ќе ми биде последен. Инаку јас на секој натпревар му приоѓам на тој начин, како да ми е последен. Никој од нас не знае што ќе му се случи утре“ рече Нејмар.