Има договор: Лаутаро и Интер си подале рака за нова соработка

89

Аргентинецот Лаутаро Мартинез се договори со Интер за нов договор. Според инсајдерот Фабрицио Романо, новиот договор меѓу Аргентинецот и „нероаѕурите“ ќе има важност до јуни 2026 година. Фудбалерот утрово ги потпишал сите потребни листови од договорот.

Во претходниот договор на напаѓачот со Интер имаше клаузула за обештетување во висина од 111 милиони евра. Во новиот договор нема фиксна сума за откуп.

Новиот договор на Лаутаро се очекува клубот да го објави во наредните денови.

ПретходноЉама утре во 2. коло на СП против младинскиот светски првак од Узбекистан
СледноБарди погоди од пенал за израмнување против Атлетико (М) (ВИДЕО)