Барди пенал-мајстор: Двапати го совлада Облак за реми со шампионот (ВИДЕО)

2942

Импресивно враќање на Енис Барди во дресот на Леванте. Два гола во првиот старт на нашиот репрезентативец оваа сезона во дресот на составот од Валенсија и веднаш двапати го погоди противничкиот гол. И двата гола беа од пенал, но Барди е човекот кој на Леванте му донесе голем бод во дуелот со актуелниот шампион.

Атлетико (М) добро го почна мечот и успеа во краток временски период да дојде во водство. По едно добро уфрлување во домашниот шеснаесетник, Гризман ја сопроведе топката во мрежата на Леванте за предност од 1:0.

Домашните не се предадоа, па добија шанса за израмнување од белата точка. Во 37. минута нашиот Енис Барди кој го имаше првиот старт за Леванте по враќањето од повредата, беше успешен реализатор на најстрогата казна и со првиот гол сезонава донесе 1:1, резултат со кој се замина на одмор.

Со голот на Куња, гостите се вратија со предност од 2:1 во 76. минута, но Барди со вториот гол од пенал во 88. минута го врати Леванте во егал и обезбеди реми.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноЧешки милијардер го купува Вест Хем!
СледноВашингтон одличен против Атланта, Њујорк го „шокираше“ Чикаго на негов терен (ВИДЕО)