Барди: Оваа екипа може далеку повеќе

187

Кам бек од соништата на македонскиот интернационалец и репрезентативец, Енис Барди по повредата и паузата од речиси еден месец. Барди синоќа во рамките од вонредното коло во Шпанија на домашен терен постигна два гола во ремито против Атлетико Мадрид од 2:2.

Она што е многу важно да се каже е што Барди погоди од белата точка во клучните моменти од мечот, во последните минути, и му донесе злато вреден бод на неговиот тим.

„Најважно е што е зад нас таа лоша серија на резултати. Задоволни сме, среќни што покажавме дека можеме да одиграме вака како што одигравме што сме живи и што против секого може да освојуваме бодови. Горд сум на овие момци, на тимот, покажавме како се игра пожртвувано со срце, а овој бод ни носи многу самодоверба. Најважно е да веруваме во себе, и да веруваме дека по овој резултат можеме да се кренеме во секој аспект од играта“ – рече Барди по синоќешниот меч. 

Леванте во моменто има сериозен предизвик пред себе затоа што по единаесет одиграни кола има осоено само шест бодови и е претпоследен на табелата. Сега го пречекува тимот на Гранада на свој терен и се очекува нов позитивен резултат.

 

 

 

 

 

ПретходноИнтер и Јуве во битка за Матијас Гинтер
СледноЛапорта му врачил отказ на Куман во авион, холанѓанецот ќе ја бара целата сума за отштета