Не престануваат пофалбите кои пристигнуваат на адреса на нашиот интернацииналец и репрезентативец Енис Барди по вчерашната изведба против Алтетико Мадрид во Пример шампионатот, и ремито од 2:2 на кое што тој постигна два гола.
Сите се воодушевени од Енис, особено поради фактот што тој имаше пауза од цел месец пред да направи кам бек и да одигра онака како што одигра вчера.
Тренерот на Леванте Хавиер Леванте е под голем притисок, тимот е на претпоследното место, и го чека тешка битка за опстанок, аво ситуацијава Барди во форма му е и тоа како потребен.
„За мене тој е натпросечен фудбалер, играч кој има уникатен стил на теренот и кој може да види додавање кое другите не можат да го видат. Исто така изведува одлично слободни удари, а видовме дека е и сигурен пеналџија. Беше многу смирен во двете ситуации, ништо не му влијаеше и го совлада Облак со голема самодоверба, – изјави Переира по вчерашниот меч.