Денеска првиот човек на Барселона, Хоан Лапорта одржа прес – конференција на која и официјално кажа дека Серхи Бархуан ќе го предводи тимот во наредниот период.
Се разбира дека најинтересно беше дали и кога Чави ќе ја презеде функцијата шеф на струката во Барса.
“Имаме и други опции, не е само Чави, но тој секако дека еден ден ќе биде тренер на Барса“ истакна Лапорта.
За Куман пак го искажа својот став:
“Веројатно требаше да му дадеме порано отказ на Куман. Тој е легенда на клубот и ние сме му благодарни“.