Бајиќ нема среќа, одново без најдобриот!

318

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Драган Бајиќ и во квалификациите за Светското првенство 2023 нема да смета на услугите на најдобриот.

Повредата на Ненад Димитријевиќ сепак е сериозна, ќе мора да паузира минимум шест недели. Репрезентативниот плејмејкер ја повреди задната ложа, снимките покажаа дека станува збор за скинат мускул.

Македонија на 26. ноември ги почнува квалификациите за Светското првенство и тоа со меч на домашен терен против Шпанија, а три дена подоцна следува гостување кај Украина во Киев.

ПретходноФудбалска РАПСОДИЈА на лидерот! (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноСедлоски: Сите честитки одат на адреса на нашите фудбалери и нашите навивачи!