Екс-фудбалер на Порто и ЦСКА Софија почина од леукемија

283

Поранешниот младински португалски репрезентативец Бернардо Тенгариња почина денес на 32 години откако ја загуби битката со леукемијата. Тенгариња е роден во Лисабон, како дете играл за Бенфика, а потоа во 2005 година и за младинците на Порто. Во првиот тим на Порто влегува во 2008 година но три сезони ги поминува на позајмици во Амадора, Ољаненсе и Санта Клара. Играше за Виторија Сетубал, па една сезона за ЦСКА Софија, па Чавес, а во 2017 година ја прекина кариерата во Боависта откако ја почна борбата со леукемијата.

На крајот не успеа да ја победи опасната болест. Инаку Бернардо има четири настапи за репрезентацијата на Португалија до 21 година.

ПретходноЦрна сабота за фаворитите во Англија, само Челзи победнички (ВИДЕО)
СледноМбапе има посебно барање до неговиот иден клуб!