Така се сака Вардар. Супер, супер атмосфера на ФФМ, каде “комитите“ уште еднаш покажаа дека го сакаат Вардар каде и да игра, дали во Лига Европа или во Втора лига – запад. Цело време се навиваше, им се даваше поддршка на Блажевски и компанија. А тие им се одолжија со победа, и тоа со 3:1. Сепак не беше така лесно против Гостивар кои во 83.минута имаа 1:1, но во финишот Шиле и Филип Петковски стрелаа за конечни 3:1.