Работнички им се врати на победите: ТФТ падна пред најтрофејниот (ФОТО)

197

Работнички им се врати на победите по поразот во Гостивар. Најтрофејниот кошаркарски колектив го доби дерби дуелот против ТФТ, го совлада со 105-92 и му го нанесе првиот пораз оваа сезона. Ова беше меч од петото коло во Супер-лигата.

Тимот од Тафталиџе минимално ја доби првата четвртина (28-29), на другата страна избраниците на Тони Симиќ пак одиграа фуриозно во следниот период, беа подобри со 34-20. Тука ја направија клучната предност, на одморот водеа со 62-49.

Кошаркарите на ТФТ се обидуваа да направат пресврт, но домаќинот одигра добро во последниот период, умешно го приведе мечот во своја корист.

Пол со дабл-дабл од 29 поени и 15 асистенции го предводеше Работнички до триумфот, Марковски запиша 20 поени. Кај ТФТ, Костоски имаше 25 поени, додека Хортон 22 поени.

Кошаркарите на Кожув ја забележаа првата победа во новата сезона од Првата лига, откако го совладаа Феникс со 91-83. Чез Вилијамс финишираше со 25. поени, Николовски имаше 19 , а Симоновски уште 15. поени. Битни десет поени дојдоа од Илија Колев. Во гостинската екипа, исто така една петорка со двоен број на поени, Морган и Џонс финишитаа со 18, а Митревски имаше уште 17. поени.

ПретходноПо големата победа над Вардар“, битолчани со порака до Бабиќ (ФОТО)
СледноНова брука на Јувентус, пораз и од Верона (ВИДЕО)