„Чеканите“ удрија по Астон Вила! (ВИДЕО)

104

Каков натпревар одиграа фудбалерите на Вест Хем на гостија кај Астон Вила? Фантастичен, со еден збор кажано. Победија со 1:4, а посебно одиграа фуриозно во последните десет минути кога со два гола ставија печат на победата и новите три бода. Со овој триумф екипата на Вест Хем по ова 10.коло во Премиер – лигата се наоѓа на 4.место со само пет бодови помалку од лидерот Челзи. „Чеканите“ се пред Јунајтед, Арсенал, Тотенхем, Лестер и останатите фаворизирани екипи во најсилната лига во светот.

Инаку серија голови ја “отвори“ Џонсон уште во 7.минута за водство на гостите. Астон Вила израмни во 34.минута преку Воткинс, а гостите брзо го вратија водството со голот на Деклан Рајс за 1:2, па со тој резултат се замина на полувреме.

Во 80. и 84.минута Вест Хем со головите на Форналс и Боувен ја запечатија судбината на Астон Вила на овој натпревар.

Инаку денеска играа и Норич и Лидс, победија гостите со 1:2.

ПретходноТИМ НА 12.КОЛО: Цветаноски блеска во дресот на Шкупи…
СледноМитревски одличен, нова победа на Порто!