Митревски одличен, нова победа на Порто!

91

Нова победа, осма по ред во осмиот меч во првенството на Португалија, за ракометарите на Порто. И уште една одлична партија на нашиот репрезентавен голман Никола Митревски. Порто победи на гости кај Брага со 24-33, а Македонецот имаше осум одбрани на голот на гостите. Митревски покажа дека и натаму е во добра форма, она што требаше да го одбрани, тоа го направи со стил.

По ова 8.коло во шампионатот на Португалија, Порто заедно си Бенфика и Спортинг е на делба на првото место. Инаку добрата форма на Митревски може само да го радува нашиот селектор Кире Лазаров.

Претходно„Чеканите“ удрија по Астон Вила! (ВИДЕО)
СледноБорусија (М) по Баерн (М) победнички го мина и Бохум (ВИДЕО)