Тотенхем денеска изненадувачки му врачи отказ на менаџерот Нуно Еспирито Санто по само четири месеци откако го назначи на чело на тимот. Отказот дојде како резултат на саботниот пораз на домашен терен од Манчестер Јунајтед со 3-0.
Спарс загубија пет од последните седум натпревари во Премиер лигата. Тие се на осмото место на табелата и имаат 10 бода помалку од лидерот Челзи.
„Знам колку Нуно и неговиот стручен штаб сакаа да успеат и жалам што моравме да ја донесеме оваа одлука“, изјави извршниот директор на фудбалот Фабио Паратичи.
Спарс соопштија дека одлуката за тоа кој ќе го наследи Нуно „ќе следи во догледно време“.