“Повторно имаме проблеми, Чолаковски и Божиновски не добија дозвола поради Ковид-19”

371

Драги Канатларовски, селектор на репрезентацијата на Македонија до 21 година го објави списокот за дуелите со Украина и Франција.

Метју Божиновски и Стефан Чолаковски не добија дозвола од своите клубови поради Ковид-19 рестрикциите во Австралија. Под знак прашалник поради повреда (стопало), исто така неизвесен е фудбалерот на Работнички, Лука Станковски.

Задоволен сум од освоените четири бода од последните квалификациски натпревари, особено мечот против Ерменија во Ереван каде што одигравме многу квалитетно и успеавме да издвојуваме победа на многу тежок терен. 

Сакаме да ја пренесеме таа позитивна атмосфера и на претстојните натпревари против Украина и Франција. Не очекуваат два извонредно тешки натпревари против силни и квалитетни селекции. Фокусот е на дуелот со Украина, мислам дека шансата за освојување на три бода треба да ја бараме на овој натпревар. Франција е апсолутен фаворит во групата. Треба да покажеме пред сѐ квалитет и храбра игра на двата меча. Ќе дадеме се од себе да се претставиме во добро светло пред домашната публика. 

Повторно се соочуваме со проблеми и отсуство на неколкумина стандардни фудбалери во тимот. Стефан Чолаковски и Метју Божиновски се многу важни за оваа селекција, но за жал и на овие натпревари не добија дозвола од нивните клубови поради здравствени Ковид-19 ограничувања. Агон Елези, исто така многу битен фудбалер, поради повреда нема да биде во можност да конкурира за настап. Дополнителен проблем за нас претставува и фактот што голем дел од репрезентативците, посебно од домашниот шампионат, немаа голема минутажа во клубовите. Но, тоа е предизвик со кои се соочуваме веќе извесен период. Сепак, гледаме позитивно и веруваме во наши добри натпревари”,изјави селекторот. 

Собирот на репрезентацијата е закажан на 7. ноември во 10 часот во хотел „Александар Палас“ во Скопје.

ПретходноКанатларовски го објави списокот за дуелите со Украина и Франција
СледноИ официјално: Тотенхем го промовира Антонио Конте