И официјално: Тотенхем го промовира Антонио Конте

134

Антонио Конте и официјално е нов тренер на Тотенхем. Премиер-лигашот пред малку го промовираше италијанскиот стратег како нов тим-менаџер.

Искусниот тренер и раководството на Тотенхем потпишаа соработка до 2023 година со можност за продолжување на истата.

Италијанецот се враќа на Островот каде претходно работеше како стратег на Челзи, со кого освои една титулата во Англија.

„Среќен сум што се вратив во Премиер-лигата, имам големи амбиции во овој тим. Едвај чекам да почнам да работам за да им ја пренесам на тимот и на навивачите страста, менталитетот и одлучноста кои отсекогаш ме разликувале, како играч и како тренер. Минатото лето не бев среќен кога се разделив со Интер, малку се одморив од се, подготвен сум за новиот предизвик. Со Тотенхем брзо се договоривме“, изјави Конте на промоцијата.

Претходно“Повторно имаме проблеми, Чолаковски и Божиновски не добија дозвола поради Ковид-19”
СледноСагосен: Немам ништо против Кил, мојот сон се промени!