Дали Конте првото засилување за Тотенхем го носи од Милан?

264

Гласините дека играчот од средниот ред на Милан, Франк Кеси е со една нога во Лондон, почнуваат да добиваат се поголем замав особено по вчерашното назначување на Антонио Конте за нов тренер на Тотенхем. Според пишувањата во Италија,  договорот меѓу двете страни наводно е завршена работа.

Според „Спортиталија“, агентите на Кеси и директорот на Тотенхем, Фабио Паратичи наскоро ќе објават постигнување договор за трансфер на дефанзивниот играч за врска во дресот на лондончани.

ПретходноПол Џорџ се жали на новата топка во НБА лигата: Многу е тврда, затоа многу промашуваме
СледноМајами му нанесе прв домашен пораз на Далас, Леброн и Лејкерс фаќаат залет (ВИДЕО)