Ашаданов утре прозива, една дама во новиот стручен штаб!

307

Македонската женска кошаркарска репрезентација утре стартува со подготовките за квалификациите за ЕП 2023 година. Во битката за место на континенталното натпреварување „црвено-жолтите“ ќе тргнат со промена на клупата, Александар Ашаданов е новиот предводник.

Ќе има промени и во стручниот штаб, дознаваме дека во неговиот тим ќе има една дама. Станува збор за најдобрата македонска кошаркарка, Јелена Антиќ, која поради повреда на коленото и натаму е надвор од терените. Антиќ која е тренер на актуелниот првак, Баскет Кам, добро ги познава девојките, таа долго време беше лидер на нашиот најдобар национален тим, што пак е голема предност.

Ашаданов објави список од 24 имиња. Првиот меч Македонија го игра на 11. ноември против Германија, додека три дена подоцна во Скопје гостува Босна.

ПретходноЛокалните избори и спортот!? Време е за ревизии, „метли“, откази…
СледноНикој не знае колку ќе паузира Меси, па ниту тренерот на ПСЖ