МЗТ со реакција по суспензијата на Грнчаров и паричната казна: Ова го нема ниту во Северна Кореја!

398

МЗТ Скопје на својата официјална страница излезе со реакција по изречените казни од страна на Дисциплинската комисија при КФСМ за спортскиот директор, Тони Грнчаров и клубот.

Грнчаров поради навреди на социјалните мрежи упатени кон Перо Антиќ заработи двегодишна суспензија, додека актуелниот македонски првак парична казна од 300.000 денари.

Од таборот на тимот од Аеродром веднаш излегоа со реакција потенцирајќи дека вакви казни нема во Северна Кореја.

„Ваквата одлука, на која би им завиделе дури и во земја како Северна Кореја, каде што демократијата, човековите права и слободата на говор се еднакви на нула, е донесена по пријава на Перо Антиќ, првиот човек на македонската кошарка, кој по некоја „случајност“ е прв меѓу еднаквите во Управниот одбор, кој самиот го предлага, а кој потоа ги избира членовите на ДК. Подобра потврда на народната „Кадија те тужи, кадија те суди“ не може да се најде ниту во најдобрите епизоди од „Македонските народни приказни“, велат од МЗТ Скопје.

Целата рекација можете да ја прочитате на следниот ЛИНК. 

ПретходноДисциплинската комисија при КФСМ го суспендира Тони Грнчаров две години, казна има и за МЗТ
СледноСолскјер: Роналдо е нашиот Мајкл Џордан