Лига Европа: Елмас со Наполи кај Легија, Ристовски и Динамо го чекаат Рапид!

139

Вечерва се играат мечевите од 4.коло во групната фаза во Лигата на Европа. Елиф Елмас, со својот Наполи ќе гостува во Варшава (18:45 Ч), каде ќе ги одмери силите со Легија. Наполитанците се на делба на второто место во групата – Ц и тоа со 4 бодови. Па така ако сакаат и натаму да бидат во конкуренција за пласман во следната фаза во ова натпреварување, вечерва не смеат да си дозволат да го загубат мечот, посебно ако се знае Лестер и Спартак Москва и тоа како си ја чекаат својата шанса, чекаат кикс на Елмас и другарите.

Одамна е познато дека Аријан Адеми и вечерва (21Ч) нема да ја предводи екипата на Динамо Загреб, и тоа поради повреда. Во тимот на “модрите“ затоа ќе биде Стефан Ристовски, капитенот на нашата репрезентација. Динамо Загреб вечерва го дочекува составот на Рапид Виена. Загребскиот тим се надева на победа и три бода во групата Х, зошто само така ќе може да очекува и натаму да биде во “игра“ за европска пролет.

Од останатите мечеви ги издвојуваме Ц. Звезда – Митјиланд, потоа Лестер – Спартак Москва, Марсеј – Лацио.

Вечерва се играа мечевите и во Конференциската лига. Партизан во Белгија му гостува на Гент, Рома се надева на реванш против Бодо/Глимт, а Тотенхем го дочекува Витесе од Холандија.

ПретходноПРОМОВИРАНА АВТОБИОГРАФИЈАТА НА КИРЕ ЛАЗАРОВ, „СЕКОГАШ НА ПОБЕДА“
СледноДибала за две недели потпишува нов договор со Јуве