КЛ: Партизан поведе со евро-гол на Урошевиќ, но на крајот освои бод со Гент (видео)

183

Екипата на Партизан освои само бод на гостувањето кај белгиски Гент (1:1) во рамките на 4. коло во Конференциската лига на УЕФА. Гент е прв во групата со 10 бода и веќе е во следната фаза, а Партизан со 7 е зад него, додека Флора и Анортозис имаат по 2 бода.

„Црно-белите“ од Белград поведоа со прекрасниот гол на Слободан Урошевиќ во 65. минута меѓутоа „поглавиците“ дојдоа до реми со погодок на Тидусали десет минути пред крајот.

На другите натпревари:
Флора – Анортозис        2:2
Каират – Карабах           1:2
АЗ – Клуж           2:0
ЛАСК – Алашкерт            2:0
Линколн – Слован         1:4
Макаби Т.А. – Хелсинки              3:0
Омонија – Базел             1:1
Рандерс – Јаблонец      2:2
Зорја – ЦСКА Софија     2:0

ВЕЧЕРВА ИГРААТ
Рома – Бодо/Глимт
ПАОК – Копенхаген
Рен – Мура
Славија Прага – Макаби
Тотенхем – Витесе
Унион Берлин – Феенорд

ПретходноЛЕ: Наполи и Елмас со убедлива победа во Варшава (видео)
СледноЕди Хоув е новиот менаџер на Њукасл!