Лидерот не е непобедлив: Бајрами „удри“ против “својот“ Шкупи!

1248

И дефинитивно Шкупи не е непобедлив. Тоа најдобро го покажаа “лавовите“ попладнево во Ѓорче каде со 2:1 го победија лидерот. Ова е слатка одмазда на Муарем Бајрами, екс – стратегот на чаирчани, кој сега ги предводи “лавовите“ кои под негово водство играат како препородени. Македонија ЃП дојде во водство од пенал со голот на Адем, потоа израмни Ѓорѓиевски, кој постигна гол замо што влезе во игра. И кога сите си помислија дека скопската пресметка ќе заврши без победник, Филиповски во 90+2. минута успеа да погоди за голема и еуфорична радост на домашните.

Па така сега по 13.коло, табелата во ПМФЛ изгледа вака…

ТАБЕЛА

1.ШКУПИ 29

2.А.ПАНДЕВ 25

3.РЕНОВА 22

4.БРЕГАЛНИЦА 22

5.ШКЕНДИЈА 21

6.СТРУГА ТЛ 19

7.РАБОТНИЧКИ 18

8.МАКЕДОНИЈА ЃП 17

9.СКОПЈЕ 16

10.ТИКВЕШ 10

11.БОРЕЦ 8

12.ПЕЛИСТЕР 4

ПретходноТФТ се исправи, подобар од Ангели
СледноОчајот на Роналдо: Едно фото место илјада зборови!