Портланд добар против Лејкерси на свој терен (ВИДЕО)

125

Екипата на Портланд Треилблејзерс ја забележа петтата победа во десеттиот натпревар од новата НБА сезона на домашен терен совладувајќи го тимот на Лос Анџелес Лејкерс со конечни 105:90.

Демијан Лилард со 25 поени и шест асистенции беше најјефикасен во домашниот табор, додека пак зад него веднаш со исто така одличен учинок се најде, Јусуф Нуркиќ кој стигна до 15 поени но и 17 асистенции.

Очигледно дека поредата на Леброн  Џејмс и тоа како ќе влијае на игрите и резултатите на Лејкерси периодов, кој идентично како и Портланд во моментов имаат скор 5 – 5.

Лидерот на Источната конференција, тимот на Филаделфија на гости во Чикаго славеше со 105:114. Џоел Ембид со 30 поени и 15 скока најзаслужен за триумфот, додека Зек Левин со своите 32 коша, најдобар на овој меч но само за сопствена статистика. Филаделфија во моментов е на 8 – 2 и е лидер на својата конференција.

Резултати:

Мајами – Јута 118:115

Чикаго – Филаделфија 105:114

Далас – Бостон 107:104

Феникс – Атланта 121 – 117

Портланд – ЛА.Лејкерс 105:90

ПретходноРеал (М) ја одбил првата понуда на Арсенал за Асенсио
СледноАнсу Фати паузира еден месец