ВМФЛ – ЗАПАД: Вардар против Кораб ќе го користи киксот на Воска

382

Денеска ќе се доигра, вчеразапочнатото десетто коло во втората по ранг фудбалска лига Запад, прво од вториот круг сезонава.
На програмата се неколку мечеви, а секако најинтересно ќе е на комплексот ФФМ во Скопје каде што Вардар ќе го пречека тимот на Кораб, и ќе се обиде да го искористи вчерашниот кикс на тимот на Воска на домашен терен против тимот на Гостивар кој триумфираше изненадувачки со 0:1.

Сега е редот на Вардар да обезбеди три домашни бодови и да се доближи само на поен до Воска која во моментов е втора со 21. бод.

Од друга страна лидерот Силекс ќе има далеку полесна задача да го продолжи маршот кон првата лига со дуелот на домашен терен против Кадино.

Двојки 10. коло ВМФЛ Запад:

Почеток: 13:00ч.

Беса – Охрид

Силекс –  Кадино

Вардар – Кораб

Велешта – Тетекс

 

Претходно„Страва“ потег на Барнет за нова УФЦ победа (ВИДЕО)
СледноВМФЛ – ИСТОК: Слога бара нов триумф за враќање на врвот