Ристовски прво промаши пенал, а потоа погоди за победа на Трнава

282
0

Македонскиот интернационалец Милан Ристовски со својата Трнава гостуваше кај Татран во словачкиот шампионат. Трнава ги однесе бодовите со победата од 0:2, а Ристовски имаше забележителен настап.

Во 64. минута Трнава избори пенал, но противничкиот голман го одбрани ударот на Ристовски од белата точка. Тоа е негов втор промашен пенал сезонава во словачкиот шампионат.

Сепак, македонскиот репрезентативец се „извади“ за утката во 73. минута кога им побегна на противничките дефанзивци и го матираше домашниот голман запечатувајќи ја победата на својот тим. Веќе во наредната минута излезе од игра.

ПретходноЃоковиќ го освои Мастерсот во Париз!
Следно„Чеканите“ му го нанесоа првиот пораз на Ливерпул (видео)