Во моментов вториот тенисер во светот Данил Медведев навести дека ќе игра на Австралија опен на почетокот на следната година. Шпекулациите за настапот на Новак Ѓоковиќ се уште траат.
Медведев, кој беше поразен од Ѓоковиќ во минатогодишното финале во февруари, на Твитер објави слика токму од тоа финале со зборовите: Се гледаме во јануари.
Медведев уште во октомври одби да открие дали ќе игра во Мелбурн, каде властите поставија строги критериуми за влез во земјата на невакцинираните тенисери. Русинот тогаш тврдеше дека е негова приватна работа дали е вакциниран или не.
Новак Ѓоковиќ и понатаму има сличен став, но не откри дали ќе патува за Австралија.
See you in January! ❤️ @AustralianOpen pic.twitter.com/PByYSBmFUJ
— Daniil Medvedev (@DaniilMedwed) November 9, 2021