Диме Тасовски мина долг период во македонската кошарка, фати различни периоди од овој спорт. По вчерашната елиминација на Гостивар од трката за титулата, некогашниот репрезентативец на 40 години и официјално стави крај на својата кариера.
23 години беше на терените, освои шампионски титули, Куп на Македонија, беше прогласуван за МВП, го носеше дресот на Македонија. На кратко кажано има на што да биде горд.
Денеска на својата официјална страница Гостивар го испочитува својот член, му посака среќни пензионерски денови.