Вардар 1961 им се врати на победите по шокантниот пораз од Е.Пелистер 2 во минатото коло. Актуелниот македонски првак на домашен терен го совлада Тиквеш со 34-27 во рамките на 10. рунда во Супер-лигата.
Во составот на Вардар 1961 беше Тимур Дибиров, кој уште еднаш потврди што значи за тимот. Против битолчани го немаше, па сценариото беше фатално. Денеска рускиот ракометар испорача 11 голови во мрежата на противникот, а „црвено-црните“ без проблем чекореа кон деветиот триумф.
Вардар 1961 по првото полувреме имаше позитива од 18-13, поведе со 5-2 и немаше никаков проблем против кавадарчани. Ништо не се промени во играта ниту по одморот, домаќинот доминираше во секој поглед за лесни бодови и подигање на самодовербата пред мечот со Пик Сегед во рамките на Лигата на шампионите.
Симиќ и Темелкоски имаа по шест гола кај гостите, на другата страна покрај Дибиров, Савревски и Кудуз имаа забележителен настап, постигнаа по четири гола.