„Македонија е жилав тим, тешко се игра против нив“

222

Младата репрезентација на Македонија утре на ФФМ, со почеток од 13 часот ќе ги одмери силите со силната селекција У-21 на Украина. Гостите по четири меча имаат 9 бодови, ние досега сме освоиле 5, па затоа ќе настојуваат да дојдат до победата како би задржале чекор со Франција, која е првопласирана на табелата.

Од она што може да се очекува на дуелот со Македонија, свој коментар за медиумите во Украина, имаше селекторот на У-21 селекцијата Руслан Ротан.

Нема воопшто да биде лесно. Македонија е жилав тим, тим кој сака да игра на контранапади, тврд ривал без дискусија. Впрочем како и сите останати балкански репрезентации. Бидете уверени дека не очекува крајно тежок натпревар“ истакна Ротан.

ПретходноМеталург убаво го измачи Бутел Скопје
СледноГо загубила местото во ПСЖ, па најмила насилници да ја претепаат колешката