Чешкиот милијардер Даниел Кретински купи 27 проценти од акциите на Вест Хем, потврдија денеска од лондонскиот клуб. „Чеканите“ открија дека Кретински и неговиот бизнис партнер Павел Хорски ќе станат дел од бордот на директори на клубот придружувајќи им се на другите двајца сопственици Дејвид Голд и Дејвид Саливен, како и потпретседателот Карон Брејди.
„Продолжуваме да се развиваме. Приклучувањето на Даниел ќе ни донесе инвестиции кои ќе ја засилат позицијата на клубот и ќе помогнат во развивање на некои клучни аспекти во клубот“, изјави Брејди кој додаде дека со оваа зделка ќе биде намален долгогодишниот долг на клубот.
Кретински, кој исто така е косопственик на чешкиот фудбалски гигант Спарта Прага изрази задоволство од зделката.
„Јас го сакам фудбалот и многу ја почитувам историјата и традицијата на Вест Хем, како и лојалните фанови на клубот“, кажа Чехот.