Продолжуваат промените во Барселона, си замина техничкиот директор

174

На Ноу Камп очигледно дека допрва ќе се случуваат промени. Клубот е во сериозни проблеми, организациски, финансиски, резултатски, па по играчките, тренерските, сега следуваат и промени во раководните структури на клубот.

Од вчера ФК Барселона е без технички директор, затоа што оној досегашниот, Рамон Планес официјално си поднесе оставка и си замина. Иако неодамна потпиша нов двегодишен договор, сепак, Планес како што самиот изјави е подготвен за нови предизвици.

Па така, уште едно место во клубот сега треба да се пополнува, а како што е тоа обичај на Ноу Камп веднаш се шпекулира со носење на холанѓанин. Две имиња се во игра и нормално двајца поранешни играчи на клубот. Тоа се Жорди Кројф за кого е познато дека има сериозно влијание во клубот, како и Марк Овермарс.

 

ПретходноОбрадовиќ во елемент: Алекса, Алексааа, Алексаааа….. (ВИДЕО)
СледноЏерард ќе биде менаџер на Астон Вила, отштета од 3 милиони фунти