Македонија со бела опрема вечерва во Ереван!

213

И официјално е познато дека нашата најдобра фудбалска репрезентација вечерва на “Вазген Саргсјан“ стадионот во Ереван, ќе истрча во бела опрема, во бели дресови.

Црвената опрема е за домашната селекција на Ерменија, која кога е домаќин традиционално игра во таа опрема.

За Столе Димитриевски, нашиот голман, дресот е со зелена боја, се надеваме дека ќе му донесе среќа и дека нашата мрежа ќе остане нечепната, а дека на спротивната страна ќе постигнеме барем еден гол.

Дуелот меѓу Ерменија и Македонија е закажан со почеток во 18 часот, бодовите се важни и за двете репрезентации.

ПретходноМакедонија без двата столба против Германија, Ашаданов порача: Мораме да играме како едно!
СледноДерби во Битола и во Скопје