По двете врзани победи, Хановер на Филип Кузмановски повторно поразен во Бундеслигата. Вечерва на гостувањето кај Лајпциг, тимот на нашиот репрезентативен бек загуби со 32:25.
Кузмановски одигра добар натпревар со 3 постигнати гола од 4 обиди, но тоа беше далеку од доволно за добар резултат. Хановер по осум одиграни меча е на 14. место со три победи и шест оствени бодови.










