Супер – Барди ги мина Седлоски и Ќириќ на листата на стрелците…

578

Супер – Барди вчера во екстаза ги донесе фановите на нашата најдобра фудбалска репрезентација. Одамна не сме виделе некој наш репрезентативец да има таков фантастичен настап во дресот на Македонија.

Уште еднаш браво МАЈСТОРЕ.

Инаку тие три гола придонесоа Барди сега да е на осмото место на вечната листа на стрелци на нашата репрезентација. Ги мина Гоце Седлоски и Саша Ќириќ, кои имаат по осум, девет има, колку што и Барди, Илчо Наумоски.

Од оваа генерација пред вчерашниот капитен се само Алекс Трајковски (19) и Езџјан Алиоски (11).

Ова е табелата или листата на стрелците за А – репрезентацијата…

ТАБЕЛА

1.ГОРАН ПАНДЕВ 38 голови (122 настапи)

2.АЛЕКСАНДАР ТРАЈКОВСКИ 19 (73)

3.ЃОРЃИ ХРИСТОВ 16 (48)

4.АРТИМ ШАЌИРИ 15 (72)

5.ЕЗЏЈАН АЛИОСКИ 11 (53)

6.ГОРАН МАЗНОВ 10 (45)

7.ИЛИЈА НЕСТОРОВСКИ 10 (46)

8.ЕНИС БАРДИ 9 (41)

9.ИЛЧО НАУМОСКИ 9 (46)

10.САША ЌИРИЌ 8 (26)

11.ГОЦЕ СЕДЛОСКИ 8 (100)

ПретходноПелистер „тенок“ и против Војводина
СледноКун Агуеро: Мора да останам позитивен и да ги слушам советите на лекарите