НОВИ ВЕЛОСИПЕДИ ЗА РОБЕРТ И ЗА ВЛАТКО СО ИГРАЈ БЕЗ НЕРВОЗИ И МЕРЦЕДЕС ВОЗИ

155

Додека тече третото коло од ИГРАЈ БЕЗ НЕРВОЗИ И МЕРЦЕДЕС ВОЗИ, најсреќните играчи на единствената легална платформа за онлајн игри на среќа 2win.mk, почнаа да ги подигаат своите заслужени награди од второто коло. Влатко и Роберт се двајца од осумте добитници на велосипед.

Роберт Мицовски од Пробиштип е редовен играч во делот со спортско обложување на нашата платформа, а вели дека оваа награда го мотивира и понатаму да игра и да се забавува.

„Уште со првиот добитен тикет знаев дека ќе добијам нешто поголемо. Подолго време бев на второ место за скутерот, но среќен сум што добив и велосипед, награда си е награда“, ни рече Роберт кога го подигна својот нов велосипед.

И Влатко Трошански од Скопје освои нов велосипед. Тој е редовен играч на нашата платформа.  Кога видел дека има поени во наградната игра, целел кон велосипедот или тротинетот, како награди. Сега кога веќе го освои велосипедот, сподели дека е презадоволен, а ќе продолжи да игра, посакувајќи го Мерцедесот. Велосипедот ќе го подари на братучедот, затоа што тој веќе вози тротинет.

Роберт и Влатко се само двајца од добитниците на 70 награди и во ова второ коло од ИГРАЈ БЕЗ НЕРВОЗИ И МЕРЦЕДЕС ВОЗИ. И тие, како и добитниците од првото коло, имаат добри стартни шанси да котираат високо во наградната игра на Видеолотарија Касинос Австрија и да останат во игра и за главните награди, меѓу кои и два автомобила Мерцедес. Во тек е третото од пет кола, а наградната игра трае заклучно со 31 јануари во 23.59 часот.

 

 

ПретходноГроздановски: Можевме и моравме повеќе до сега, Франција е голем мотив за нас
Следно„Излетот“ на терен ќе ја чини 2500 фунти но вредеше, доби дрес од Роналдо (ВИДЕО)