Репрезентативците добиваат екстра премија за победата над Ерменија

1068

Македонската фудбалска репрезентаиција е на чекор до уште ден голем успех во квалификациските циклуси, односно овојпат во овој мундијалскиот за Катар 2022 година. Синоќа нашиот национален тим славеше со фантастични 0:5 на гостувањето кај Ерменија, и со евентуален триумф над Исланд на домашен терен в недела ќе го освоиме второто место во групата и ќе минеме во следната бараж фаза.

Токму затоа, но пред се поради одличниот натпревар синоќа во Ереван, УО на ФФМ на чело со претседателот Муамет Сејдини донесе одлука репрезентативците да бидат екстра наградени за она што го одиграа и за резултатот кој што го постигнаа.

“Управниот одбор и претседателот Сејдини го ценат успехот и на овој начин продолжуваат да даваат признание и да влијаат позитивно на понатамошната атмосферата во репрезентацијата. Овие резултати не се случајни, туку плод на повеќегодишна работа и стратегија. Среќни сме што на големите успеси со пласмани на Европско Првенство со репрезентацијата до 21 година и А репрезентација, сме блиску да додадеме и пласман во бараж за Светско првенство. Ова се многу значајни моменти за македонскиот фудбал, имаме нова шанса за историски резултат и се разбира дека ќе дадеме све од себе за да ја искористиме. Фудбалерите и стручниот штаб на секој следен натпревар ја потврдуваат својата големина и навистина ни е драго што федерацијата тоа го вреднува и на ваков начин, иако за оваа репрезентативна група тоа никогаш не било најважно. За нас е значајно што имаме шанса за прв пат да се пласираме на Светско првенство, а уште повеќе што македонската репрезентација ја обединува целата држава”, изјави директорот на А репрезентацијата на Македонија, Дени Масев.

 

ПретходноЧави парично го казни Дембеле поради доцнење на тренинг од три минути!
СледноПелистер „тенок“ и против Војводина