Бразилскиот дефанзивец, Дани Алвеш се враќа во Барселона. Како што објави вечерва новинарот Фабрицио Романо, а подоцна тоа го потврди и Барселона, 38-годишниот фудбалер ќе се врати во редовите на каталонскиот клуб како слободен играч.
Двете страни денеска си подале рака, откако ги договориле условите од соработката која ќе трае до крајот на сезоната. Сега и фудбалерот и клубот чекаат дозвола за трансфер од Ла Лига, но според најавите тој од следната недела почнува со тренинзи на „Камп Ноу“, но ќе може да игра дури од 1 јануари.
Чави сакаше да го види Алвеш во Барса за да го засили дефанзивениот ред со искусно име, кое веќе знае во кој клуб доаѓа. Шпанските медиуми наведуваат дека Алвеш ќе игра за Барса со симболична плата од едно евро неделно.