Металург и Охрид лесно го минаа првото коло во Купот

117

Ракометарите на Металург и Охрид прилично лесто ја минаа првата пречка во ракометниот Куп на Македонија. Синоќа во првите два меча од елиминациското коло во Купот, Металург во Скопје со 44:22 ја совлада екипата на Јехона, додека Охрид беше подобар од Преспа со 38:21.

„Металурзите“ одиграа одлично прво полувреме против Јехона кога и практично го решија победникот, затоа што на пауза водеа со 20:9. До крајот само ја удвоија предноста. Петковски со 11 поени беше најдобар реализатор кај Металург, додека Митиќ го следеше со 8 гола.

КУП НА МАКЕДОНИЈА МАЖИ – ЕЛИМИНАЦИИ

ВЧЕРА:

ГРК ОХРИД – ПРЕСПА 2015 38:21

МЕТАЛУРГ – ЈЕХОНА 44:22

ДЕНЕСКА:

12:30 ГОЛДЕН АРТ-КЛ7 – ПАРТИЗАН 2016 СПОРТ

13:00 ПРОЛЕТ 62 – КИЧЕВО 2020

13:00 ЈУНИОР К.В – МРК КУМАНОВО

14:00 СКОПЈЕ 2020 – ТЕКСТИЛЕЦ

14:30 РАБОТНИЧКИ – ДРАЧЕВО

15:00 МАКЕДОНИЈА Ѓ.П – СТРУГА

16:00 АСТРАИОН ХЕНДБОЛ – ПРИЛЕП

16:00 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – МЕТАЛУРГ РА

17:00 ГРК БОРЕЦ – ГРК ТИКВЕШ 2014

17:30 БУТЕЛ СКОПЈЕ – ВАРДАР НЕГОТИНО

19:00 ШАМПИОН – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР

НЕДЕЛА:

12:00 АЕРОДРОМ – МЛАДОСТ 1977

13:00 АЛКАЛОИД – РАДОВИШ

ПретходноЈокиќ се врати со трипл-дабл, Доничиќ и Далас го одиграа најдобриот меч сезонава (ВИДЕО)
СледноДали Зидан ќе биде новиот селектор на Франција?