Екипата на Алкалоид го затвори кругот на патници за групната фаза во Купот на Македонија. Дебитантот во прволигашкото друштво денеска положи сериозен тест, го совлада суперлигашот Радовиш и тоа со убедливи 39-27.
Домашните ракометари ја имаа контролата во речиси целиот меч, но до убедливата победа дојдоа благодарение на подобрата игра во второто полувреме. Стојков со 13 гола беше прв стрелец, зад него беше Серафимов со седум гола, еден помалку запиша Димовски. На другата страна Органџиев имаше седум погодоци.
Претходно Аеродром го завери своето место во групната фаза во Купот на Македонија, беше подобар од Младост со 29-24. До победата дојде исто во вториот дел, откако по првите 30. минути беше 14-14.