Премиер лигата е блиску до рекорден договор за телевизиските права за пренос на натпреварите од англиската елита во САД. Овој договор кој беше потпишан во 2015 година со NBC истекува, а новиот договор треба да биде потпишан на 18 ноември и ќе се однесува на периодот од 2022 до 2028 година. Се очекува да достигне вредност од 2 милијарди долари (1,49 милијарди фунти), јавува Би-Би-Си. Оваа сума е двојно поголема од утврдената во актуелниот договор. Со тоа и премиерлигашите ќе имаат поголем приход од телевизиските права идните сезони.
За правата се борат три компании – NBC, CBS и ESPN.
Сметките покажуваат дека сите приходи од тв правата (домашни плус меѓународни) ќе достигнат 10 милијарди фунти за периодот од 2022 – 2025 година што се случува за првпат.
Според податоците на NBC, натпреварите од Премиер лигата во сезоната 2020/21 ги следеле во живо во просек по 879.000 гледачи по натпревар.