Фантастичниот Хари Кејн со четирите гола на вечерашниот меч против Сан Марино дојде на чекор да го симне од второто место на вечната листа на најдобри стрелци во составот на „Гордиот Албион“, легендарниот Боби Чарлтон.
Голгетерот на Тотенхем со четирите гола постигнат вечерва дојде до бројката од 48 погодоци во дресот на репрезентацијата, што е само еден гол помалку од легендарниот Чарлтон. На врвот на вечната листа и натаму е вејн Руни кој има 53 гола во дресот на Англичаните.
Кејн со вечерашното остварување стигна до 12 постигнати гола во овие квалификации и го презема првото место на голгетерската листа пред Мемфис Депај од селекцијата на Холандија кој има 11.