Нема крај: Уште еден играч на Ливерпул се повреди за време на репрезентативните настапи

249

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп секој ден од текот на репрезентативните пресметки добива по некоја лоша вест. Најновата е поврзана со повредата на бекот на шкотската репрезентација, Енди Робертсон.

Капитенот на Шкотска се повреди вчера при победата над Данска од 2:0. Тој доби истегнување на мускулот и го напушти теренот во 79. минута. Шкотите не дадоа информации за неговата состојба по натпреварот, а од Ливерпул се надеваат дека повредата нема да го оддалечи од терените долго време.

Претходно се повреди и Садио Мане за време на настапите за својата селекција во африканските квалификации за СП.

ПретходноПознати четири од шесте можни противници на Македонија во баражите за СП 2022
СледноБотев Враца ќе бара 100.000 евра за трансфер на Бабунски