Македонија почнува со Илиевски во нападот (состав)

1217

Македонската репрезентација до 21. година вечерва на Арената Тодор Проески во Скопје од 18:30 часот ќе го одигра квалификацискиот дуел против репрезентацијата на Франција. Не чека тежок дуел, со лидерот на групата, па затоа селекторот Канатларовски за денешниот дуел се реши за малку позатворена варијанта кога станува збор за нашиот состав.

На голот повторно ќе биде Денковски, а пред него се Хајдари, Младеновски, Манев и Антовски. Пред нив во средниот ред се Шеји, Фазлагиќ, Адем и Гроздановски, додека пак во нападот ќе бидеме со Арби Воша и Марио Илиевски. Тој влегува на Марко Ѓоргиевски кој досега беше наш прв напаѓач.

 

 

ПретходноПанчев и Бабунски им посакаа среќа на Цапар и надежите
СледноСелекторот Савевски го објави списокот за мечевите против Србија