Е.Пелистер на доминантен начин дојде до првата победа во Европската лига. Македонскиот вицепрвак на гостувањето кај АЕК во Атина славеше со 27-30 во рамките на 3. коло.
Предводникот на битолскиот состав, Жељко Бабиќ имаат право да задоволство по оваа средба, се покажаа во едно поинакво издание и најавија убава ракометна сезона.
Одигравме перфектен натпревар. Подготвивме одлична одбрана и брз контра напад. Момците завршија голема работа, горд сум на нив. Игравме одлично и завршивме голема работа. Не го гледав натпреварот на АЕК против Олимпијакос, но детално ги проучивме нивните адути со кои ги победија Татабања и Ним. Можеби малку изменив, игравме човек на човек врз нивниот најдобар ракометар и добро го неутрализиравме. Задоволство беше да се игра во Грција“, изјави Бабиќ по мечот.
Јосип Периќ со осум гола беше прв стрелец, го водеше својот тим до првата радост. Ракометарот на битолчани изјави дека АЕК бил добро анализиран, затоа лесно дојдоа до целиот плен.
„Благодарност на тренерот на АЕК за убавите зборови. Бевме многу добро подготвени за овој натпревар, од тренерот до секој човек во клубот. Секој детаљ го имавме аналзиравме и не се изненандивме како игра АЕК. Сакам да го потенцирам тимскиот дух на мојата екипа нашиот голман Секељи беше извонреден. Уживавме, лесно е да се игра во таков налет. Горд и среќен сум како игравме вечерва“, рече Периќ.