Една глупава грешка на селекторот може да ја чини Полска дури и пласман на Мундијалот!

1629

Во фудбалска Полска врие. Јавноста, фановите па и во Федерацијата сите се гневни на тоа што го направи селекторот на репрезентацијата Пауло Соуса. Португалецот направи една голема, бизарна, односно глупава грешка која сега Полска и тоа како може да ја чини и пласман на Мундијалот.

Имено Полска е во баражот, но не е меѓу носителите туку во таа “послаба“ група, што значи дека во полуфиналето ќе гостува.

А, за што всушност станува збор?

Тој на последниот меч против Унгарија, ги одмараше дел од главните играчи. Полска во тие моменти беше меѓу носителите и самиот Пауло Соуса не сметаше дека неговата Португалија и Италија ќе играат во баражот, односно нема да бидат пред Србија и Швајцарија, и тоа се случи. А со ова Полска падна во послабата група, посебно ако се знае дека дома загуби од Унгарија со 1:2.

Нема што, катастрофална грешка, катастрофална проекција на Пауло Соуса.

ПретходноВујовиќ: Добри судии за домашниот тим, ние направивме глупави грешки
СледноСрѓан Захариевски: Ова е најголемиот успех на нашата репрезентација во историјата!