Тимур Дибиров влезе во посебно друштво на вчерашната средба против Пик Сегед во рамките на седмото коло во Лигата на шампиони. Тој е четвртиот играч кој успеал да дојде до 1.000 голови во ова натпреварување по Кирил Лазаров, кој е најдобриот стрелец. На оваа листа се уште Момир Илиќ и Никола Карабатиќ.
Но, рускиот ракометар во Вардар 1961 не е само поентер, тој е мотиватор, мотор во нападот и во одбраната, но и одличен разигрувач, а за тоа говори и асистнцијата во продолжение.