Денешното издание на Билд објави мега скандал во кој се тврди дека тренерот на Бундеслигашот, Вердер Бремен, Маркус Анфанг е под истрага за наводно фалсификување на Ковид сертификат за вакцинација.
Во текстот се вели дека истрага дефинитивно има и дека Анфанг на своите соработници во клубот тоа им го признал. Рекол дека не знае зошто е цела оваа афера воопшто тема, затоа што тој дефинитивно е вакциниран со две дози, и за тоа има доказ. И дигитален и писмен каков што издаваат во надлежната институција.
Самиот клуб Верде е обавестен за истрагата, а Анфганг во разговорот со своите претпоставени во клубот ја отфрлил секоја можност да биде виновен по било какви обвинувања.
foto: kicker.de