Каков кикс на голманот Тасев – Скопје води против „лавовите“ (видео)

464

Во Автокоманда играат Скопје и Македонија Ѓорче Петров во рамките на Првата македонска фудбалска лига. Во првото полувреме немаше голови, а во второто полувреме по голем кикс на младиот голман на „лавовите“, екипата на Скопје поведе со 1:0.

Јашаровски тргна во напад од левата страна, немаше многу опции и шутна кон противничкиот гол. Тасев се намести да ја собере, но таа мина низ неговите раце и нозе и заврши во голот.

A неколку минути подоцна Македонија изедначи со прекрасниот гол на Емини од слободен удар.

Претходно“Крца“ на ФФМ: Супер – дербито во ВМФЛ предизвикува големо внимание! (ФОТО)
СледноПМФЛ: Мајсторски голови на Емини, “лавовите“ ја освоија Автокоманда! (ВИДЕО)