Работнички и Наковски Волеј се осамија на врвот

134

Одбојкарките на Работнички и Наковски Волеј остануваат во најтесна битка за првото место во женското одбојкарско првенство. Во изминативе три дена се комплетираше 8. коло во кое фаворитите не знаеја за пораз.

Откако во четвртокот Наковски Волеј со 3:1 го совлада Универзитет во Тетово, Работнички вчера со истиот резултат беше подобар дома од Струмица.

Денеска беа одиграни и последните две средби од тековната рунда. Шампионките Јанта Волеј КВ славеа со 3.0 на гости кај Фит Фан Волеј, додека Пелистер со истиот резултат го совлада Вардар во Битола.

Прва лига (жени), 8.коло

Работнички – Струмица               3:1 (26:28, 25:21, 25:10, 25:18)

Наковски Волеј – Универзитет во Тетово        3:1 (25:21, 23:25, 25:14, 25:22) 

Фит Фан Волеј – Јанта Волеј Кисела вода       0:3 (21.25, 18.25, 13:25)

Пелистер Волеј – Вардар                        3:0 (25:21, 25:14, 25:19)

ТАБЕЛА: 1. Работнички  23, 2. Наковски Волеј 21, 3. Јанта Волеј КВ 17,  4. Струмица 14, 5. Пелистер Волеј 10, 6. Фит Фан Волеј 6, 7. Универзитет во Тетово 5, Вардар 0.

ПретходноЕуро Никел ја продлабочи кризата во Куманово, „Академците“ се главни во Кисела Вода
СледноСедлоска се врати по повредата, Локомотива славеше во Полска